Американска и руска делегација се сретнаа на Флорида: Разговаравме за повеќе теми, вели Виткоф

Американска и руска делегација одржаа разговори на Флорида за првпат од почетокот на војната со Иран. Специјалниот пратеник Стив Виткоф изјави дека двете страни разговарале за повеќе теми и ќе останат во контакт.

Американска и руска делегација во средата се сретнаа на Флорида на првите разговори од почетокот на американско-израелската војна против Иран.

По средбата, специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави дека делегациите разговарале за „различни теми“ и се согласиле да останат во контакт.

„Тимовите разговараа за различни теми и одлучија да останат во контакт“, напиша Виткоф на социјалната мрежа Икс по состанокот со Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин.

Средбата се одржа во период кога Вашингтон сигнализира можност за ублажување на санкциите за руската нафта.

Санкциите беа воведени по руската инвазија врз Украина во 2022 година, но американските власти сега размислуваат за нивно делумно олеснување со цел да се намали растот на цените на енергенсите, поттикнат од војната на Блискиот Исток.

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела изјави дека разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, кој, според него, изразил подготвеност да биде „корисен“ во решавањето на конфликтот на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни