Американка осудена на 9 години затвор бидејќи украла пилешки крилца во вредност од 1,5 милиони долари

Фото: pixabay.com

 Службеничка вработена во училишен округ во Чикаго доби затворска казна од девет години откако признала вина за кражба на пилешки крилца во висона од 1,5 милиони долари.

Вера Лидел била директорка за набавка на храна во училишниот округ Харви 152, украла огромна количина крилца за време на пандемијата на ковид. Крилцата биле набавувани како оброци за децата кои учеле од дома, но никогаш не им биле доставени, објавија локалните медиуми.

68-годишната Лидел нарачала повеќе од 11 илјади пакети крилца од доставувачот и ги подигнувала нарачаните пакети во товарно комбе. Според обвинителството ваквата шема на Лидел траела од јули 2020 година до февруари 2022 година.

Кражбата била откриена при рутинска ревизија, откако било утврдено дека биле нарачувани крилца со коска, нешто што не се давало на децата. При подеталната анализа била откриено дека трошоците за набавка на храна биле 300 илјади долари повисоки од предвиденото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни