Без сирење, без шунка, без леб – само јајца и познатиот „crispy bacon“, кој за Американците е секојдневие, а за нас – гастрономски предизвик.
Што точно е „crispy bacon“ и зошто е толку популарен?
Тн. американска сланина (или „streaky bacon“) се прави од (стомачниот дел) на свињата, кој има повеќе маснотија и тенки слоеви месо. Се сече на многу тенки ленти, често веќе претходно димена и лесно варена, па дома се потребни само неколку минути за да стане совршено крцкава на тава или во рерна.

Комбинацијата од солен вкус, дим и крцкавост ја прави оваа сланина омилена не само за појадок, туку и во сендвичи, салати, па дури и со палачинки и јаворов сируп.
Како да направите крцкава сланина дома
Ако не најдете оригинален „bacon“ во супермаркетите (иако веќе може да се најде во поголемите маркети и увозни сектори), најдобро е да користите домашна панцета или царско месо, но замолете да ви го исечат многу тенко – машински, како пршута.

На тава:
- Ставете ја тавата на ладен шпорет и веднаш наредете ги лентите сланина (без масло!).
- Загревајте полека – маста ќе почне да се топи, а рабовите да крцкаат.
- Пржете од двете страни по 3-5 минути, додека не добијат златно-кафеава боја.
- Извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.
Во рерна:
- Наредете ги лентите сланина на тава обложена со хартија за печење.
- Печете во загреана рерна на 200°C околу 15-20 минути.
- Ќе се испечат рамномерно, без прскање и без стоење покрај шпорет.
Совет за крај:
Крцкавата сланина можеби не е најздрава опција, но со умереност и добар баланс со други намирници – може да биде вкусен додаток на појадокот или ручекот. И да, баш како во филмовите – звучи подобро со чаша портокалов сок покрај.
Извор: Index.hr