Америка воведува давачки за кинеските бродови: „Време е да ја прекинеме нивната доминација“

Мерките се дел од стратегија на администрацијата на Трамп за трговски притисок врз Кина.

САД воведуваат нови давачки за кинески бродови како дел од мерки за намалување на кинеската доминација во светската бродоградба и поморски транспорт.
Давачките ќе важат за бродови произведени или во сопственост на Кина и ќе се воведуваат постепено од април 2025. Таксите ќе достигнат до 1,5 милиони долари по пристигнување во американското пристаниште за некинески компании што користат кинески бродови.
Целта велат е да се заштити економската безбедност на САД и да се поттикне домашната бродоградба.
Ќе има исклучоци за бродови што пренесуваат сировини, празни бродови и бродови што сообраќаат во одредени региони. Мерките се дел од стратегија на администрацијата на Трамп за трговски притисок врз Кина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни