Америка во снежен хаос: Откажани најмалку 2.700 летови поради големо снежно невреме

Големо снежно невреме ги парализираше САД, откажани се најмалку 2.700 летови и зимски предупредувања за повеќе од 13 милиони луѓе

Повеќе од 2.000 летови се откажани или одложени денес низ североистокот на САД и регионот на Големите Езера поради силна зимска олуја со снег и мраз. За повеќе од 13 милиони луѓе е на сила предупредување за опасни зимски временски услови.

Според податоците на веб-страницата за следење летови FlightAware, од петокот наваму во САД се откажани најмалку 2.700 летови, додека неколку илјади имаат значителни доцнења, пренесува CBS News.

Аеродромите Њуарк, Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија ги предупредија патниците дека временските услови може да предизвикаат дополнителни нарушувања во авионскиот сообраќај.

Гувернерката на сојузната држава Њујорк, Кети Хокул, прогласи вонредна состојба во повеќе од половина од државата и ги повика граѓаните да ги одложат патувањата.

Американската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за опасни услови за патување од регионот на Големите Езера до северниот дел на средниот Атлантик и јужна Нова Англија, со ризик од паѓање дрвја и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Предупредување за зимски временски услови е издадено за повеќе од 13 милиони луѓе, додека за уште 7,7 милиони е на сила предупредување за силна зимска бура.

Метеоролозите најавуваат нови снежни врнежи на Средниот Запад и во регионот на Големите Езера, а во понеделник се очекуваат и снежни бури со силни ветрови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни