Зголемените дневни температури предизвикуваат побрзо топење на снегот, што создава дополнително тешки услови на патиштата за возачите, соопшти Авто-мото сојузот на Србија (AMSS).
Сојузот предупреди на одрони, како и на излевање на бујични води и наноси од земја и камења на коловозот.
Ноќеска и утрово се јавува мраз на поединечни делови од патиштата.
Маглата дополнително ја отежнува и успорува возењето, особено покрај реки, канали и во котлини, а се забележува и на планинските превои.
На наплатните рампи и граничните премини за патнички возила нема задржувања.
Камионите на Хоргош чекаат два часа на излез, а на Батровци кон Хрватска – еден час.
