Аmber Јazz Festival во Скопје од 22 до 25 октомври

Четиридневен џез-маратон со врвни домашни музичари, нови состави и DJ сетови кои го оживуваат урбаниот звук на Скопје.

Скопје од 22 до 25 октомври ќе пулсира во ритамот на Amber Jazz Festival — новото издание на фестивалот што ќе заземе место во Bruklinski JAZZ Bistro. Овој фестивал ја слави современата џез сцена и нејзините најиновативни артисти.

Фестивалот започнува на 22 октомври (среда) со DJ SET на Shurbe во 17:00 часот, а вечерта ќе настапи John Ilija Apelgrin во 21:00 часот. Следниот ден, 23 октомври (четврток), публиката ќе го слушне Filip Dinev Quartet, составен од Филип Динев (гитара), Кирил Кузманов (саксофон), Горан Гешовски (контрабас) иПавел Ренџов (тапани).

Во петок, 24 октомври, сцената ќе ја преземе бендот Intersteller Transmission, во состав: Тони Китановски (гитара), Оливер Јосифовски (контрабас), Сашо Поповски (гитара) и Алек Секуловски(тапани).

Фестивалот ќе заврши на 25 октомври (сабота) со Симеон Ангеловски Трио, во кој свират Симеон Ангеловски (контрабас), Дамјан Грујо(тапани), Филип Димичковски (клавијатури) и Филип Динев (гитара).

Amber Jazz Festival ги обединува различните изрази на современиот џез – од акустични импровизации и фјужн елементи до електронски експерименти – претворајќи го Скопје во простор на креативност, слобода и жив звук.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни