„За време на уште еден напад врз градот Киев, оваа Апостолска нунцијатура претрпе одредена штета на главната зграда, како и на сервисните простории“, се наведува во соопштението.

Амбасадорот на Ватикан во Украина, надбискупот Висвалдас Кулбокас, изјави за Ватикан Њуз дека видел дронови како кружат околу амбасадата и слушнал неколку експлозии во текот на ноќта.