Амбасадорот на САД во НАТО: Трамп ќе воведе остри нови санкции за руската нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе спроведе и применува остри нови санкции кон руската нафтена индустрија, со цел да изврши притисок врз рускиот лидер Владимир Путин да се согласи на преговори за завршување на војната меѓу Русија и Украина, изјави американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер.

„Санкциите веќе се воведени и наскоро ќе бидат спроведени во целост,“ изјави Витакер во интервју за Bloomberg, додавајќи дека Вашингтон е решен да го прекине протокот на приходи со кои Москва го финансира воениот конфликт.

Минатата недела Министерството за финансии на САД ги стави на црната листа руските државни нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“, што претставува прв голем пакет финансиски санкции против Русија откако Трамп ја презеде функцијата. Целта, според Белата куќа, е да се намалат приходите на Кремљ и да се поттикне дипломатско решение на конфликтот во Украина.

„Ова можеби ќе биде потегот што ќе го натера претседателот Путин да седне на преговарачка маса и да стави крај на војната, или барем да прифати прекин на огнот,“ рече Витакер.

По објавата на санкциите, цените на суровата нафта краткорочно пораснаа, но пазарната реакција остана воздржана поради неизвесноста околу сериозноста на спроведувањето на мерките. Сепак, амбасадорот нагласи дека ова е само почеток на економскиот притисок врз Москва.

„Претседателот Трамп ги држи сите адути во своите раце – ова е само една карта што ја одигра. Има уште многу,“ изјави Витакер, најавувајќи дека САД подготвуваат дополнителни економски и енергетски мерки доколку Русија не покаже подготвеност за компромис.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни