Амбасадата на Шведска во Скопје го отвора конкурсот за позицијата „Амбасадорка на еден ден“ по четврти пат

Амбасадата на Шведска во Скопје четврта година по ред го отвора конкурсот за позицијата „Амбасадорка на еден ден“, дел од глобалната иницијатива #GirlsTakeOver, која има за цел да ги охрабри девојчињата ширум светот да заземаат лидерски позиции. Конкурсот е отворен до 28 октомври, а сите заинтересирани кандидатки можат да аплицираат преку испраќање на е-пошта на ambassaden.skopje@gov.se со наслов: Апликација за конкурсот #GirlsTakeOver „Амбасадорка на еден ден 2024“.

Одбраната кандидатка ќе ја следи шведската амбасадорка во текот на еден работен ден, учествувајќи во состаноци, соработувајќи со тимот на Амбасадата и активно вклучувајќи се во сите дневни активности. На крајот од денот, таа ќе подготви краток извештај за своето искуство. Работното време за оваа позиција ќе биде од 8:30 до 16:30 часот.

За да се пријават, кандидатките треба да достават кратко мотивациско писмо (до 250 зборови), во кое ќе објаснат зошто се заинтересирани за оваа улога, кратка биографија во која ќе ги наведат нивните интереси и активности поврзани со подобрување на животот во заедницата, две препораки од лица што добро ги познаваат и писмена согласност од родителите/старателите (за девојчиња на возраст од 15-18 години).

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до крајот на ноември 2024 година, а победничката ќе ја преземе улогата на „Амбасадорка на еден ден“ кон крајот на февруари или почетокот на март 2025 година, поврзано со одбележувањето на Меѓународниот ден на жената на 8 март.

Иницијативата #GirlsTakeOver е глобален проект кој се одржува на 11 октомври, Меѓународниот ден на девојчињата, а има за цел да ги инспирира младите девојки да ги преземаат позициите на моќ и лидерство. Шведското Министерство за надворешни работи и многу амбасади ширум светот активно учествуваат во оваа иницијатива.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни