Амбасадата на САД побара од американските граѓани веднаш да ја напуштат Сирија

Амбасадата објави предупредување на својот официјален сајт во петокот вечерта, во кое се наведува дека потенцијални мети би можеле да бидат „амбасади, меѓународни организации и јавни институции во Сирија“ во главниот град Дамаск.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Сирија издаде упатство до сите американски државјани да ја напуштат земјата веднаш поради „зголемена можност за напади“ за време на празникот Бајрам, кој на крајот на март го означува крајот на Рамазан во муслиманскиот свет.

Амбасадата објави предупредување на својот официјален сајт во петокот вечерта, во кое се наведува дека потенцијални мети би можеле да бидат „амбасади, меѓународни организации и јавни институции во Сирија“ во главниот град Дамаск.


Стејт департментот на САД моментално има четврт степен на предупредување за патувања во Сирија – што е највисок степен на предупредување, што значи дека се советува на американските граѓани да не патуваат во Сирија под никакви услови.

„Ова предупредување останува на сила поради значителни ризици од тероризам, граѓански немири, киднапирања, земање на заложници, вооружени конфликти и произволни притворања“ – стои во последното соопштение на амбасадата.

Амбасадата на САД во Дамаск ги суспендираше своите операции во 2012 година, не долго по избувнувањето на граѓанската војна помеѓу режимот на поранешниот претседател Башар ел Асад и различни бунтовнички групи.

Асад беше сменет кон крајот на минатата година од коалицијата на опозициски сили предводени од исламската група Хајат Тахрир ал-Шам (HTS). Лидерот на HTS, Ахмед ел-Шараа, во моментов ја извршува функцијата привремен претседател на Сирија.

„Владата на САД не е во можност да обезбеди ниту рутински ниту итни консулски услуги за американските државјани во Сирија“ – се вели во соопштението.

Американските државјани во Сирија на кои им е потребна итна помош треба да контактираат со Секцијата за интереси на САД при Амбасадата на Чешката Република – додадена е амбасадата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни