Во Амазон е сè помала потребата од човечка работна сила

Потпретседателот на Амазон Роботика, Скот Дресер, ја потврди пресвртницата во блог пост.

Амазон објави дека сега има повеќе од милион роботи кои работат во магацините низ целиот свет, приближувајќи ја компанијата до точката каде што бројот на машини ќе го надмине бројот на луѓе вработени во логистички операции, објавува Digital Trends.

Со текот на годините, Амазон инвестираше милијарди долари во развој и распоредување на роботски системи во магацини, кои преземаат низа задачи што претходно ги извршуваа луѓето. Според достапните проценки, во магацините на Амазон работат приближно 1,1 милион луѓе низ целиот свет, што сугерира дека многу наскоро ќе бидат побројни од автоматизираните системи.

Потпретседателот на Амазон Роботика, Скот Дресер, го потврди пресвртницата во блог пост.

„Тукушто го имплементиравме нашиот милионити робот, дополнително зајакнувајќи ја нашата позиција како најголем светски производител и оператор на мобилна роботика.“ Дресер, исто така, го најави воведувањето на нова генеративна технологија за вештачка интелигенција што дополнително ќе ја подобри ефикасноста и интелигенцијата на роботската флота.

Најавата доаѓа веднаш по претставувањето на новиот робот наречен Вулкан, за кој се вели дека е голем пробив. Вулкан може самостојно да крева предмети и да ги поставува на полици што се движат, и може да работи до 20 часа на ден, а брзината на неговата работа е малку поголема од просечниот човек.

Амазон долго време тврди дека неговите роботи го надополнуваат човечкиот труд во магацините, извршувајќи повторувачки, физички тешки и потенцијално опасни задачи. Сепак, многу аналитичари веруваат дека крајната цел е целосна автоматизација на магацините.

Ваквите верувања беа дополнително поттикнати од неодамнешниот извештај од Business Insider, кој цитираше внатрешен документ на Амазон. Во него се вели дека роботите како Вулкан се „клучни за израмнување на кривата на вработеност во следните десет години“. Компанијата веќе призна дека напредните технологии, вклучително и вештачката интелигенција, ќе доведат до намалување на бројот на вработени во корпоративните оддели. Извршниот директор на Амазон, Енди Џеси, минатиот месец изјави во меморандум до вработените дека очекува интеграцијата на вештачката интелигенција да го намали бројот на вработени во корпоративниот сектор.

Силниот пресврт на Амазон кон автоматизација е јасен знак за поширока трансформација во рамките на индустријата. Компаниите ширум светот сè повеќе прифаќаат роботи и вештачка интелигенција за да ја „оптимизираат“ ефикасноста (да ја намалат потребата од платена работна сила). За работниците во магацините, од друга страна, коегзистенцијата со роботите станува нова деловна реалност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни