Компанијата Amazon е во потрага по нова ѕвезда за франшизата „Џејмс Бонд“, откако американската продуцентка Барбара Броколи ја предала креативната контрола над филмовите на фирмата на милијардерот Џеф Безос, наводно за милијарда долари, пренесува магазинот Тајмс.
Според извори, Броколи значително го отежнала продолжувањето на франшизата од 2021 година, и одбила да им даде контрола над филмовите на режисерите.
Таа наводно го одбила предлогот на режисерот Кристофер Нолан, познат по филмовите „Опенхајмер“ и „Интерстелар“, да се вклучи во продукцијата на следниот филм.