По четиригодишна истрага, CMA соопшти дека Амазон ќе мора да одговори и на загриженоста за таканаречената „злоупотреба на каталог“, пракса во која продавачи користат одлични рецензии за производи што не се нивни, со цел да го зголемат рејтингот на сопствените артикли и да ги доведат потрошувачите во заблуда.
Компаниите што ќе ги прекршат правилата ќе можат целосно да бидат отстранети од платформата на овој гигант за е-трговија, а корисниците што објавуваат лажни рецензии може да бидат блокирани од понатамошно оценување.
Амазон, исто така, се обврзал да воспостави побрз систем за откривање и отстранување на лажни рецензии и злоупотреби на каталогот.
Регулаторот, кој проценува дека 90% од потрошувачите се водат по онлајн рецензии при носење на одлука за купување, започна истрага против Амазон и Гугл во 2021 година, поради можни прекршувања на законите за заштита на потрошувачите. Во јануари годинава, CMA доби слични обврски и од Гугл.
„Овие нови обврски се важни и поставуваат стандарди за заштита на потрошувачите“, изјави Сара Кардел, директорка на CMA.