„Амазон“ ја финансира првата фарма за алги која ќе прочистува милиони метри кубни од CO2

Загадениот воздух од година во година зема се поголем замав, а бројот на луѓе кои умираат како последица на штетните честички е во постојан пораст. Од друга страна, морските алги имаат голем потенцијал да помогнат во справувањето со климатските промени и да го апсорбираат CO2. Како што велат од Amazon предвидено е фармите со алги да се лоцирани помеѓу турбини на ветер. Со тоа ќе се искористи неискористениот простор помеѓу турбините.

Извор: aboutamazon.co.uk

Проектот познат како Северноморска фарма 1 ќе биде лоциран во близина на брегот на Холандија. Прото типот е дизајниран да ги тестира и подобри методите на одгледување алги кои имаат потенцијал да го апсорбираат јаглеродниот диоксид. Процесот предвидува собирање и отстранување на јаглерод диоксид (CO2) од земјината атмосфера.

Извор: aboutamazon.co.uk

Со создавањето на фармата на претходно празен простор помеѓу турбините, проектот може да се прошири до масовно одгледување на морски алги во Северно Море. Ако одгледувањето алги оди како што треба се очекува да се протега на  приближно 1 милион хектари до 2040 година. Со ваквиот иновативен начин на намлаување на загаденоста на воздухот се верува дека годишно ќе се намали концентрацијата на CO2 за стотина милиони тони.

Извор: aboutamazon.co.uk

Морските алги би можеле да бидат клучна алатка за отстранување на јаглеродниот диоксид од атмосферата, но во моментов тие се одгледуваат во релативно мал обем во Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни