Алуминиумската фолија е класика во секоја кујна. Се користи за пакување на храна, печење и складирање на производи. Сепак, откриена е неочекувана употреба што се повеќе луѓе ја применуваат во пракса – ставање алуминиумска фолија во замрзнувачот.
Обложувањето на внатрешноста на замрзнувачот со алуминиумска фолија е трик кој ви помага да трошите помалку електрична енергија и да го олесните одмрзнувањето. Можете исто така да направите топчиња од алуминиумска фолија и да ги редите на внатрешните ѕидови на замрзнувачот, а потоа вратете ја замрзнатата храна назад. Со текот на времето, мразот што се формира на ѕидовите на замрзнувачот полесно ќе се отстрани, бидејќи фолијата делува како изолатор и го олеснува одмрзнувањето.

Кога ќе дојде време за чистење, само отстранете ја алуминиумската фолија со слојот мраз и вашиот замрзнувач ќе биде чист за кратко време, пишува Diari di Gerona.
Зошто функционира овој трик?
Кога ќе се собере многу мраз, замрзнувачот мора да работи понапорно за да ја одржи температурата. Тоа значи поголема потрошувачка на електрична енергија, но и поголем ризик од дефекти. Со овој метод го спречувате мразот да се залепи на ѕидовите и го намалувате времето потребно за одмрзнување.
Дополнително, тоа е економична, едноставна и повеќекратна алтернатива, бидејќи истата фолија можете повторно да ја употребите ако го одржувате замрзнувачот сув и чист.