Алрам за корисниците на Gmail: Протекоа 183 милиони лозинки!

Голем сајбер-напад откри 183 милиони Gmail лозинки. Експертите предупредуваат: хакерите може да пристапат и до други ваши сметки поврзани со е-поштата.

Корисниците на Gmail се предупредени за големо истекување на податоци, во кој биле компромитирани дури 183 милиони е-поштени сметки и лозинки.

Според информациите, ова не ги вклучува само адресите на е-пошта, туку и лозинките поврзани со нив, што може да им овозможи на хакерите пристап не само до Gmail, туку и до други сметки поврзани со истата адреса — како на пример профили на социјални мрежи, банкарски апликации или онлајн продавници.

Иако инцидентот се случил во април годинава, штотуку бил идентификуван од платформата „Have I Been Pwned“, која следи и објавува податоци за големи хакерски напади.
Според основачот на страницата, Трој Хант, податоците потекнуваат од поширок собран хакерски пакет што кружел на интернет.

Во моментов, веб-страницата има евидентирано 917 компромитирани сајтови и повеќе од 15 милијарди засегнати сметки.

Како да проверите дали вашата сметка е компромитирана

Посетете ја страницата haveibeenpwned.com. Внесете ја вашата Gmail адреса. Доколку вашата сметка е дел од протекот, веднаш преземете мерки: Променете ја лозинката на Gmail (избегнувајте да користите иста лозинка на повеќе места). Активирајте двофакторска автентикација (2FA).

    Зошто е важна двофакторската заштита

    Двофакторската автентикација додава дополнителен слој безбедност, така што дури и ако хакер ја има вашата лозинка, нема да може да влезе во сметката без вториот код за потврда.
    Google користи повеќе методи – од СМС-кодови до известувања на мобилен уред – со цел да спречи неовластен пристап.
    Редовно проверувајте ја безбедноста на вашите сметки и не користете иста лозинка на повеќе веб-страници. Интернет безбедноста започнува со вас.

    е-Трн да боцка во твојот инбокс

    Последни колумни