Europe House и меѓународните партнери во земјава избираат Европска жена на годината. Седум амбасадори и претставници на меѓународни организации ќе номинираат по една силна жена која ги крши бариерите и создава подобра иднина.
Алмира Фасљии Муарем е прв предлог на Н.Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија и Еurope House Skopje
Алмира е новинарка по професија и активистка за правата на жените Ромки. Активен член на граѓанскиот сектор и менаџер на Младинскиот центар на HERA „Сакам да знам“ во Шуто Оризари. Професионалниот живот на Алмира е фокусиран на активизам и борба за правата на жените Ромки, но и на Ромската заедница во целост. Оваа жена полна со енергија е целосно посветена на надминување на системските проблеми и табуа во локалната ромска заедница.
Гласањето за жена на годината ќе биде од 5 до 7 март 2024.
Фотографиите и текстот се превземни од Europe House Skopje