Алмира Фасљии Муарем номинирана за Жена на годината од страна на Амбасадорката на Германија Н.Е. Петра Дрекслер

Еurope House и меѓународните партнери во земјава избираат Европска жена за 2024

Europe House и меѓународните партнери во земјава избираат Европска жена на годината. Седум амбасадори и претставници на меѓународни организации ќе номинираат по една силна жена која ги крши бариерите и создава подобра иднина.

Алмира Фасљии Муарем е прв предлог на Н.Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија и Еurope House Skopje

Алмира е новинарка по професија и активистка за правата на жените Ромки. Активен член на граѓанскиот сектор и менаџер на Младинскиот центар на HERA „Сакам да знам“ во Шуто Оризари. Професионалниот живот на Алмира е фокусиран на активизам и борба за правата на жените Ромки, но и на Ромската заедница во целост. Оваа жена полна со енергија е целосно посветена на надминување на системските проблеми и табуа во локалната ромска заедница. 

Гласањето за жена на годината ќе биде од 5 до 7 март 2024. 

Фотографиите и текстот се превземни од Europe House Skopje

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни