Алкохолни пијалоци кои се добри за здравјето, доколку ги пиете умерено

Сите знаеме дека алкохолот не е здрав, но тоа не зачи дека понекогаш не треба да си дозволите пијалак, иако водите здрав живот. Ако консумирате умерено алкохол тој може добро да влијае на вашето здравје. Диетичарите открија шест видови на алкохол кои понекогаш се добар избор за пијалак, пишува Mind Body Green.

Водка и џин: Бистрите алкохолни пијалаци како водка и џин имаат најмалку калории и шеќери, вели диетичар Ејми Шапиро.

Тоа значи дека нашето тело лесно ги преработува и нивното консумирање доведува до мамурлак со лесен интензитет. Се потврдило дека водката ги проширува артериите, што го зголемува крвниот притисок, а со тоа превентивно да делува од срцеви заболувања.

Водката има 64 калории, а џинот 73, додека двата имаат нула шеќери.

Текила: Текилата исто така има малку калории и шеќери и може да помогне во балансот на шеќерот во крвта, благодарение на природниот шеќер во билката агава, која служи како диететски влакна.

Некои докази потврдуваат дека текилата не е тежок депресив како некои други видови алкохол. Една чаша има 64 калории и нула грама шеќер.

Црвено вино: Диетичарката Трејси Фримпонг тврди дека црвеното вино содржи полифеноли и антиоксиданти кои можат да помогнат во подобрување на здравјето на срцето и мозокот. Содржи околу 100 до 160 калории, по чаша, како и помалку од еден грам шеќери.

Крафт пиво: Крафт пивото има најголема ботаничка разновидност, што значи дека може да има повеќе корист од тоа што го нуди со вкусот. Според експертите пивото кое е направено од богата ботаничка разноликост има повеќе антиоксиданти, витамини и минерали.

Меѓутоа, ваквите пива имаат тенденција да содржат поголема концентрација на алкохол по волумен, што значи повеќе калории. Во едно шише има околу 200 до 300 калории и нула грама шеќер, иако тоа зависи од брендот на пивото.

Ако планирате да испиете некој алкохолен пијалак, обидете се да биде еден од овие шест, бидејќи помагаат во регулацијата на шеќерот во крвта, работата на цревата и позитивно влијаат на организамот, секако доколку се работи за умерени количини.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни