Многу коктели и алкохолни пијалаци се полни со додадени шеќери, што значи дека содржат многу „празни“ калории – оние што не носат никаква хранлива вредност. Долготрајната консумација на вакви пијалаци може да доведе до зголемена телесна тежина, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.
Еве неколку нискокалорични опции за кои можете да се одлучите:
Водка со сода (80–100 калории)
Класика меѓу нискокалоричните пијалаци. Комбинацијата од вотка (околу 45 мл) и газирана вода има многу малку калории – само оние од алкохолот. Додајте свежо исцеден сок од лимон или лајм за освежителен вкус без дополнителни калории.
Шприцер (75–90 калории)
Одличен избор ако сакате нешто полесно. Се прави од бело вино (на пр., Совињон Блан, Ризлинг или Пино Гриџо) и минерална вода во однос 1:2 или 1:3 во корист на виното. Стандардна чаша од 150 мл содржи 75–90 калории.
Жестоки пијалаци „на чисто“ (100–120 калории)
Џин, рум, текила, вотка и виски содржат околу 100–120 калории по 45 мл. Без шеќери и јаглехидрати (освен кај некои ароматизирани верзии). За најмалку калории, пијте ги чисти, со мраз или со сода вода.
Просеко (120–130 калории)
Италијанското пенливо вино е елегантен избор за прослава. Чаша од 180 мл содржи околу 128 калории. Лесно, овошно и освежително – идеално за бавно уживање.
Водка Мартини (120 калории)
Класичен коктел направен од вотка (45 мл) и сув вермут (10 мл). Вкупно околу 120 калории – елегантен избор со минимален калориски товар.
Текила со лимета (100–130 калории)
Чаша текила (45–60 мл) со мраз и свежо цеден сок од лимета или портокал има 100–130 калории. Освежителен баланс на кисело, слатко и земјено – идеално за бавно пиење.
Совет: Ако внимавате на линијата, клучот е во умереноста и паметниот избор на пијалак. Не секој коктел мора да биде калориска бомба.
Доколку пиете македонско вино, одберете суво, не ароматизирано или благо – и комбинирајте го со вода или мраз за полесен вкус и помал внес на калории.