Алкараз и Ѓоковиќ директно во полуфиналето на турнирот „Шест крала“ во Ријад

Турнирот ќе се игра од 15 до 18 октовмри во Саудиска Арабија, а победникот ќе освои неверојатна парична награда од шест милиони долари

Од 15 до 18 октомври, во Ријад, Саудиска Арабија, втора година по ред ќе се одржи егзибицискиот турнир наречен „Шест крала“, каде што ќе настапат најдобрите шест тенисери во светот.

Веќе се познати и учесниците на турнирот, а најдобриот на светот, Шпанецот Карлос Алкараз, и најтрофејниот во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, директно се пласира во полуфиналето.

Ѓоковиќ за противник во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот меѓу Италијанецот Јаник Синер и Гркот Стефанос Циципас, додека Алкараз ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Германецот Александер Зверев и Американецот Тејлор Фриц. Ланскиот трофеј го освои Синер, кој во финалето го совлада Алкараз.

Победникот на овој турнир ќе освои неверојатна парична награда од пест милиони долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни