Од 15 до 18 октомври, во Ријад, Саудиска Арабија, втора година по ред ќе се одржи егзибицискиот турнир наречен „Шест крала“, каде што ќе настапат најдобрите шест тенисери во светот.
Веќе се познати и учесниците на турнирот, а најдобриот на светот, Шпанецот Карлос Алкараз, и најтрофејниот во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, директно се пласира во полуфиналето.
Ѓоковиќ за противник во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот меѓу Италијанецот Јаник Синер и Гркот Стефанос Циципас, додека Алкараз ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Германецот Александер Зверев и Американецот Тејлор Фриц. Ланскиот трофеј го освои Синер, кој во финалето го совлада Алкараз.
Победникот на овој турнир ќе освои неверојатна парична награда од пест милиони долари.