Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Австралија опен за првпат во својата кариера.
Најдобриот тенисер во светот во финалето во Мелбурн, по пресврт, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со резултат 2:6, 6:2, 6:3, 7:5.
Со оваа победа, Алкараз стана најмладиот тенисер кој ги комплетирал сите Грен слем турнири, а ова му е седмата голема титула во кариерата.
Ѓоковиќ, за жал, не успеа дополнително да ги помести границите и да стигне до својата 25. Грен слем титула. Останува на десетте освоени трофеи во Мелбурн.
Со овој триумф, Алкараз го израмни меѓусебниот скор на 5:5.
Српскиот тенисер удираше од сите оружја, апсолутно сите удари му функционираа, редеше винери и до експресен брејк стигна во четвртиот гем.
По потврдата, можеше да стигне и до уште еден брејк, но Алкараз се извлече. Не за долго, бидејќи Новак во осмиот гем уште еднаш му го одзеде сервисот на ривалот и така го заврши првиот сет.
Вториот период донесе целосна спротивност – Новак почна повеќе да греши, а процентите на сервис му паднаа.
Алкараз со серија од 3:0 стекна предност од брејк, го подигна нивото на игра, иако останува впечаток дека повеќе Ѓоковиќ самиот го врати во игра, па и вториот сет заврши по само 36 минути.
Новак имаше проблеми и на почетокот на третиот сет, во воведниот сервис гем, но некако издржа и го одби налетот.
Алкараз, сепак, го скрши во петтиот гем, по неколку неизнудени грешки на српскиот тенисер, кој повторно не блескаше, исто како и во претходниот сет.
Во деветтиот гем Новак спаси три врзани брејк, односно сет-топки, но по игра на разлика и долг гем, Карлос ја искористи четвртата шанса и целосно направи пресврт.
Карлос можеше уште во раната фаза од четвртиот сет да го скрши Новак, кој некако спаси шест брејк-топки во гем што траеше речиси 15 минути.
Ѓоковиќ некако преживуваше, стравуваше, а потоа во деветтиот гем стигна до брејк-топка. Но, форхендот го издаде во клучниот момент.
И кога изгледаше дека ќе гледаме тај-брејк во четвртиот сет, Алкараз стигна до две брејк-топки, ја искористи првата и така ја освои титулата.
