Алкараз го освои АТП турнирот во Ротердам

Шпанецот Карлос Алкараз попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во финалето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија).

Мечот траеше безмалку два часа и заврши со резултат 2:1, по сетови 6:4, 3:6 и 6:2.

Алкараз сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализира четири од осум брејк топки. 

Де Минаур имаше еден ас, четири двојни грешки и реализираше две од петте брејк топки.

За 21-годишниот Алкараз ова беше 17-та титула во кариерата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни