Шпанецот Карлос Алакрас се пласираше во финалето на турнирот во Вимблдон, откако пред малку го победи американскиот тенисер Тејлор Фриц.
Во интересен меч, Алкараз победи со 3:1 во сетови ( 6:4, 5:7, 6:3, 7:6) и со тоа стана првиот финалист.
Шпанецот во недела ќе игра против подобриот од второто полуфинале кое попладнево го играат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и италијанецот Јаник Синер.
Во женското финале, утре ќе играат Анисимова од САД и Свјатек од Полска.