Карлос Алкараз повторно најдобар тенисер во светот, скок направи и Новак Ѓоковиќ

Алкараз со триумф на US Open се врати на врвот на АТП листата, Ѓоковиќ напредуваше за три позиции

По феноменалната игра на US Open, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата победувајќи го Јаник Синер со 3:1 во сетови. Со оваа победа младиот Шпанец се врати на првото место на АТП ранг-листата.

„Ова ми е втор трофеј тука, но сè уште е исполнување на сон. Работев напорно за да го освојам. Враќањето на првото место беше една од моите цели за оваа сезона. Фактот што тоа го направив со уште еден грен-слем е уште подобро. За тоа работев цело време,“ изјави Алкараз по финалето.

Со овој резултат Синер падна на втората позиција, откако не успеа да ја одбрани титулата и изгуби 700 поени. На третото место остана Александар Зверев со 5.930 поени.

Најголемиот скок го направи Новак Ѓоковиќ, кој со полуфиналето во Њујорк напредуваше за три места и сега е четврти со 4.830 поени.

Во првата десетка се најдоа и Тејлор Фриц (5. место), Бен Шелтон (6. место), Џек Дрејпер (7. место), како и Алекс де Минор, Лоренцо Музети и Карен Хачанов.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни