Алкарас ќе игра во финалето на завршниот АТП турнир во Торино по доминантната победа над Оже-Алијасим

Карлос Алкарас се пласира во своето прво финале на завршниот АТП турнир во Торино, совладувајќи го Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4. Во големото финале ќе игра против актуелниот шампион Јаник Синер.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас вчера вечер обезбеди пласман во финалето на завршниот АТП турнир во Торино, победувајќи го осмиот тенисер во светот, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, со убедливи 6:2, 6:4.

Првиот рекет на светот славеше по 1 час и 23 минути, освојувајќи го своето прво финале на завршниот Мастерс во кариерата. Алкарас го доби првиот сет со два рани брејка – во четвртиот и осмиот гем – со што го презеде целосниот ритам на мечот.

Во вториот сет двајцата тенисери ги освојуваа гемовите на свој сервис сè до десеттиот, кога Алкарас направи клучен брејк и ја искористи втората меч-топка за пласман во финалето.

Со ова, Алкарас стана првиот Шпанец по Рафаел Надал во 2013 година кој стигнал до финале на завршниот АТП турнир.

Во битката за титулата ќе се соочи со бранителот на трофејот, вториот светски рекет Јаник Синер, кој претходно во денот го елиминираше Австралиецот Алекс де Минор со 7:5, 6:2.

Драматично финале е на повидок во Торино.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни