ЕХФ донесе одлука

Алкалоид го освои Европскиот куп со службен резултат 10:0, судот ја донесе првата одлука

Првиот натпревар заврши со победа на ХРК Алкалоид од 29:25 и со тоа РК Алкалоид е победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25

Судот за ракомет утврди дека АЕК бил обврзан да учествува на закажаниот финален реванш натпревар на 25 мај.

Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа треба да се смета за одговорен.

Судот ја донесе следната одлука:

Резултатот од реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, РК Алкалоид против АЕК Атина, се регистрира со 10:0 голови и 2:0 во добиени натпревари.

Првиот натпревар заврши со победа на ХРК Алкалоид од 29:25 и со тоа РК Алкалоид е победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25.

„Секоја жалба против оваа одлука нема да има суспензивно дејство. Оваа одлука се однесува исклучиво на аспектите поврзани со натпреварувањето. Одделни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се одигра натпреварот, евентуалната штета и распределбата на билети сè уште се во тек. АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена“ велат од ЕХФ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни