Алис Брукс и Дејв Смит, добитници на „СУМОЛАЈТ” наградата за креативна синергија на „Браќа Манаки“

Брукс и Смит создадоа визуелизација која истовремено е волшебна и револуционерна, подигнувајќи го драматуршкото дејствие на повисоко естетско рамниште

Алис Брукс и нејзиниот мајстор на светло Дејв Смит, се добитници на „СУМОЛАЈТ награда за креативна синергија“ на ИФФК „Браќа Манаки“ за исклучителната соработка и за нивната извонредна работа на филмскиот мјузикл „Злобна“/“Wicked“ (2024).

,,Брукс и Смит создадоа визуелизација која истовремено е волшебна и револуционерна, подигнувајќи го драматуршкото дејствие на повисоко естетско рамниште” велат организаторите.

„Наградата за креативна синергија“, за првпат ќе биде доделена на овогодишното, 45-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“, и е спонзорирана од „СУМОЛАЈТ“. Оваа награда е создадена од страна на Фестивалот, во соработка со „СУМОЛАЈТ“, со цел да се истакне значењето на соработката помеѓу кинематограферот и неговиот мајстор на светло, која е круцијална за визуелизацијата на едно филмско дело.

https://manaki.com.mk/mk/sumolight-nagrada-za-kreativna-sinergija/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни