Alibaba вложува 50 милијарди евра во вештачка интелигенција

Во компанијата истакнаа дека оваа инвестиција ќе ги надмине нивните вкупни трошоци за вештачка интелигенција во последната деценија.

Кинескиот онлајн трговски ланец Alibaba ќе инвестира во следните три години најмалку 380 милијарди јуани (скоро 50 милијарди евра) во вештачка интелигенција. Како ќе биде распределена оваа инвестиција и кои проекти ќе бидат поддржани, не е откриено, пишува STA.

Во компанијата истакнаа дека оваа инвестиција ќе ги надмине нивните вкупни трошоци за вештачка интелигенција во последната деценија.

Акциите на кинеските технолошки компании уживаат популарност меѓу инвеститорите од почетокот на годината. Во тој контекст, вредноста на акциите на Alibaba, компанија која управува со некои од најпопуларните платформи за онлајн купување во Кина, достигна највисок ниво во последните три години.

Alibaba во третиот квартал од деловната година забележал раст на приходите од осум отсто во однос на истиот период од претходната година, додека нето добивката пораснала за дури 239 отсто. Компанијата од октомври до декември минатата година остварила приходи од 280 милијарди јуани (скоро 37 милијарди евра). Нето добивката пораснала на скоро 49 милијарди јуани (6,5 милијарди евра).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни