Али Хамнеи: Трамп ќе биде соборен од власт

„Секој треба да знае дека Исламската Република нема да се повлече. Нема да толерира служење на странци“, рече Хамнеи
Фото: Khamenei.ir, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, во обраќање до нацијата на државната телевизија изјави дека Исламската Република нема да толерира, како што изјави, „платеници во служба на странски сили“ и остро го критикуваше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Во својот говор, Хамнеи рече дека низ историјата, сите оние што ги нарекувал деспоти и арогантни владетели го доживеале својот пад токму во моментот на најголема моќ.

„Што се однесува до тој човек што седи таму со ароганција и гордост, осудувајќи го целиот свет, тој треба да знае дека сите деспоти и арогантни сили на светот – како фараонот, Нимрод, Реза-шахот Пахлави, Мохамед Реза и слични – беа соборени токму кога беа на врвот на својата гордост. И овој ќе биде соборен“, рече Хамнеи.

Врховниот лидер на Иран конкретно се осврна на изјавите на американскиот претседател во врска со војната, обвинувајќи го за смртта на голем број ирански цивили.

„Во 12-дневната војна, околу илјада наши сонародници, освен команданти, научници и достоинственици, од редовите на обичните луѓе, загинаа како маченици. И тој рече: „Јас дадов наредба, јас командував за време на војната“. Така, тој призна дека неговите раце беа извалкани со крвта на Иранците“, рече Хамнеи.

Тој додаде дека Трамп, и покрај ова, тврди дека е „поддржувач на иранската нација“, што Хамнеи го опиша како измама.

„Секој треба да знае дека Исламската Република нема да се повлече. Нема да толерира служење на странци“, рече Хамнеи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни