Предупредувачка порака до жителите на Загреб: седете дома

Предупредувачка порака им пристигна на жителите на Загреб поради опасни временски услови. Денеска нема настава во основните и средните училишта.

На жителите на Загреб денес им пристигна ALERT порака на мобилните телефони со известување дека денеска нема да се одржува настава во загрепските основни и средни училишта.

„Поради опасни временски услови и отстранување на последиците од невремето на подрачјето на Град Загреб, денеска нема да се одржува настава во загрепските основни и средни училишта. Повеќе на линкот: 112.hr/8OC“, се наведува во пораката.

Одлуката за неодржување на наставата е донесена од Град Загреб и Министерството за наука, образование и млади.

Доколку децата не можат да останат во своите домови, можат да дојдат во училиштата каде за нив ќе биде организиран престој, објави Град Загреб.

Детските градинки ќе работат редовно, иако се препорачува децата, ако има услови за тоа, да останат во своите домови.

Оваа одлука следува по снежните временски непогоди што во изминатите 24 часа го зафатија Загреб, предизвикувајќи проблеми во секојдневното функционирање на градот и дополнителни мерки на претпазливост од надлежните служби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни