„Јас сум тука да ве поздравам во име на сите мои колеги кои се во Крагуевац, но јас како еден од постарите, дојдов да ве поздравам сите. Се надевам дека знаете дека ние од самото почеток на овие протести сме заедно со нашите колеги од ФДУ, а потоа и со сите други студенти, преку нашите претстави и акции што ги организиравме. Во моментов сме и во седмодневен штрајк како знак на поддршка за студентите и нивните барања“, изјави актерот Александар Сречковиќ Кубура од протестот во Шид.
Тој додаде дека „иако календарската Нова година помина – нова година за Србија токму сега доаѓа“.
„Сакам да бидете единствени и паметни како што бевте до сега, да бидете храбри и да пренесам дека сите сме многу горди на вас“, рече Сречковиќ.