150 часа рачна изработка: Александар Ношпал создаде балетско туту за настап на македонска балерина во Португалија

Костимот за варијацијата 1 од „Пакита“ е изработен без коски и жица – со мулаж техника, прецизен крој и три децении искуство
Фото: Александар Ношпал

Македонскиот моден креатор Александар Ношпал изработи балетско туту за варијацијата 1 од „Пакита“, наменето за настап на младата балерина Вања на балетски натпревар во Португалија.

Како што сподели Ношпал, процесот траел две и пол недели и опфатил околу 150 работни часа – од првичната идеја и изборот на материјали, до финалната рачна доработка.

Костимот е изработен со техника на мулаж, со рачно креирање крој директно на форма, внимателно кроење на сите слоеви и склопување „како сложувалка“. Во изработката се вложени три децении искуство во креирање балетски костими.

„Сè е изработено со мои две раце. Без коски, без жица – само чист, мек и прецизно совладан крој и изведба“, наведува Ношпал.

Тој изразува надеж дека костимот ќе ѝ донесе позитивна енергија на балерината за време на настапот.

Балетската варијација од „Пакита“ важи за технички и визуелно впечатлива точка од класичниот репертоар, што дополнително ја нагласува важноста на костимот како дел од сценскиот израз.

Ношпал и досега има работено на сценски и модни проекти, а овој ангажман го потврдува неговото континуирано присуство во областа на изведбената уметност и костимографијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни