Имено, актерот Алек Болдвин, кој е и ѕвезда на филмот, изјави дека не ја гледал финалната верзија на филмот и не планира да ја гледа.
Иако не го гледал филмот, сакал да биде објавен за да им ги врати парите на инвеститорите. Тој исто така изјави дека се надева дека сопругот на Хали, Мет Хачинс, ќе може да профитира од филмот.
„Не сум ја гледал финалната верзија на филмот и не планирам. Но, се надевам дека ќе биде објавен, дека парите ќе им бидат вратени на инвеститорите. Никогаш не сакате луѓето кои веруваа во вашиот проект да бидат Се надевам дека филмот ќе биде добро и дека Мет се договоривме со него и сакаме да го почитуваме тоа“ објави TMZ.
Болдвин истакна колку е тешка целата ситуација за него и неговото семејство и дека поради тоа нема да го гледа филмот.
„Ова е најтешкото нешто со кое сум се соочил во мојот живот. Покрај самите жртви, најмногу ме боли тоа што и беше направено на мојата сопруга. Се обидуваме да се поддржуваме еден со друг и да се оддалечиме од овие работи затоа што филмот засекогаш ќе биде во сенка на она што се случи“, истакна актерот.