Алек Болдвин ги тужи оние кои злонамерно го гонеле

Алек Болдвин поднесе тужба за злонамерно гонење и кршење на граѓанските права против оние кои се вмешани во кривичната пријава против него поради смртта на кинематограферката Халина Хачинс на сетот на филмот „Рѓа“.

Во тужбата се наведува дека обвинителите намерно прикриле докази кои би го ослободиле Болдвин и „барале жртвено јагне на секој чекор“ со цел „злонамерно да го иницираат или унапредат“ судењето и осудувањето на американскиот актер.

Се тврди дека обвинетите, вклучително и специјалната обвинителка Кари Морисеј и окружната обвинителка во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис, биле „заслепени од желбата да го осудат Болдвин поради погрешни причини“.

Во изјава за новинската агенција ПА, Морисеј рече: „Во октомври 2023 година, тимот на обвинителството дозна дека Болдвин имал намера да покрене граѓанска тужба за одмазда.“

Тужбата беше поднесена помалку од еден месец откако Морисеј поднесе жалба на судската одлука за отфрлање на обвинението за убиство од небрежност против Болдвин, по фаталното пукање на Хачинс на сетеот на филмот во Санта Фе во 2021 година.

Болдвин, главниот актер и копродуцент на филмот, испукал куршум од пиштол за кој мислел дека е реквизит, убивајќи ја снимателката и ранувајќи го режисерот Џоел Соуса.

Судењето за убиство од небрежност на актерот беше поништено во јули кога судот ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност, согласувајќи се со одбраната дека обвинителството и полицијата задржале докази за изворот на куршумот што ја уби снимателката Халина Хачинс на сетот во 2021 година.

По поднесувањето на тужбата, адвокатите на Болдвин, Лук Никас и Алекс Спиро, изјавија во заедничка изјава за новинската агенција ПА: „Обвинителството треба да се фокусира на потрагата по вистината и правдата, а не на лична или политичка корист или на малтретирање невини. Морисеј и другите обвинети го прекршиле тој основен принцип и ги прекршиле правата на Алек Болдвин“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни