Албин Курти по локалните избори на Косово: „Ова е успех и покрај обединувањето против нас“

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека победата во седум општини на Косово претставува голем успех, и покрај тоа што, како што вели, сите партии биле обединети против неговото движење.

Лидерот на движењето Самоопределување (Vetëvendosje), Албин Курти, го оцени како успех за својата партија исходот на локалните избори на Косово, иако резултатите покажуваат слабеење на поддршката во однос на претходните избори.

Курти истакна дека победата во четири општини во вториот кругЈужна Митровица, Гњилане, Обилиќ и Косово Поле — е остварена „иако се сите обединија против Самоопределување“.

„Ова е невидена ситуација во политичко-изборната историја на Косово. Затоа овој резултат е успех и за Самоопределување и за граѓаните“, изјави Курти за медиумите, пренесува Koha.

Тој додаде дека сè уште се чекаат конечните резултати од одредени општини, но најави дека вечерта ќе ја помине во славенички собири:

„Најпрво во Косово Поле, потоа во Обилиќ, а потоа и во Јужна Митровица,“ рече Курти.

Во првиот круг на локалните избори, Самоопределување победи во Подујево, Штимље и Каменица. Со четирите општини добиени во вториот круг, движењето сега има вкупно седум градоначалници од 38 општини на Косово.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни