Албанија вечерва: Ќафасан затворен повеќе од 24 часа поради превртена цистерна

Од СВР Охрид информираат дека екипи се на терен, но цистерната сè уште не е отстранета поради технички причини

Ако планирате да ја дочекате Новата година или да преноќите во Албанија и тргнувате од западниот дел на земјата, избегнувајте ја класичната рута Струга–Ќафасан. Сообраќајот на овој правец е целосно блокиран поради превртена цистерна, а блокадата трае повеќе од 24 часа.

Проблемот е особено значаен затоа што станува збор за еден од главните излези кон Албанија во најфреквентниот период од годината. Кога овој пат е затворен, колоните не остануваат локален проблем – сообраќајот се прелева во Струга и Охрид, а притисокот се пренасочува кон другите гранични премини, што дополнително ја зголемува можноста за заглавување.

Од СВР Охрид информираат дека екипи се на терен, но цистерната сè уште не е отстранета поради технички причини. Според дневните информации на АМСМ, сообраќајот кон ГП „Ќафасан“ е целосно запрен во двата правци, што значи дека не се пропуштаат возила наизменично, туку блокадата е тотална.

Ако мора да патувате, најразумно е навреме да ја менувате рутата. Како алтернативи се препорачуваат ГП „Свети Наум“ кај Охрид и ГП „Блато“ кај Дебар. Во вакви денови, дури и најмалата грешка може да значи долг часовен застој, особено ако патот е мразлив.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни