Премиерот Еди Рама најави дека ТикТок повторно ќе биде достапен во Албанија по една година забрана. Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави дека ТикТок повторно ќе биде достапен за албанските корисници.
Во интервју за Politico, Рама откри дека владата постигнала партнерство со платформата и дека наскоро ќе ги претстави новите мерки за заштита на албанската јавност.
„Задоволни сме од резултатот. Го направивме партнерството и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го откриеме планот пред албанскиот народ, како што ветивме“, изјави Рама.
Забраната за ТикТок во Албанија беше воведена пред една година, по трагичен инцидент кога на платформата избувнала кавга меѓу млади лица, при што беше убиено 14-годишно момче со нож.
Со повторното отворање на платформата, владата најавува засилени мерки за безбедност и заштита на младите корисници.