Албанија наскоро би можела да има повеќе туристи од Хрватска

Според Светскиот туристички совет, Албанија во моментов е третото најбрзо растечко туристичко пазариште во светот, веднаш зад Катар и Порторико.

Албанија, до неодамна скриен скапоцен камен на Европа, се соочува со експлозивен раст на туризмот, што сериозно би можел да ја загрози одржливоста на локалните заедници и животната средина.

Од 2015 година бројот на туристи во земјата речиси се има тројно зголемено – од тогашни 3 милиони на дури 10 милиони во 2023 година, што претставува пораст од 56 проценти во споредба со периодот пред пандемијата. Албанската влада очекува тој број до 2030 година да порасне на 30 милиони годишно, со што земјата би примала повеќе туристи отколку Португалија или Хрватска, пишува британскиот Express, а пренесува Index.

Загриженост за животната средина и инфраструктурата
Овој нагол пораст на туризмот доведе до сериозни загрижености. Весли Дидани од порталот Saranda Web предупредува дека некои туристички проекти се градат без соодветен урбанистички план, што доведува до уништување на природната средина, особено на крајбрежјето. Во Саранда, на пример, се забележани случаи на фрлање градежен отпад директно во морето.

Влијание врз локалното население
Притисокот се чувствува и на пазарот за недвижности: локалното население сѐ потешко наоѓа пристапни станови, бидејќи странските инвестиции и побарувачката од туристи ги туркаат цените во небеса. Ситуацијата потсетува на онаа во популарните дестинации како Мајорка.

Инвеститори Џеред Кушнер и Иванка Трамп
Албанија сѐ повеќе се позиционира како атрактивна туристичка дестинација. Нејзините песочни плажи, природни убавини како Плавото око, жичарата Дајти Експрес и археолошкиот парк Бутринт привлекуваат сѐ поголем број патници, вклучувајќи и познати инфлуенсери на социјалните мрежи. Меѓу инвеститорите се најдоа и Џеред Кушнер и Иванка Трамп, кои добија зелено светло за изградба на луксузен хотел вреден 1,4 милијарди долари на островот Сазан.

Според Светскиот туристички совет, Албанија во моментов е третото најбрзо растечко туристичко пазариште во светот, веднаш зад Катар и Порторико.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни