Албанија го забранува ТикТок

PARIS, FRANCE - MARCH 05: In this photo illustration, the social media application logo, Tik Tok is displayed on the screen of an iPhone on March 05, 2019 in Paris, France. The social network broke the rules for the protection of children's online privacy (COPPA) and was fined $ 5.7 million. The fact TikTok criticized is quite serious in the United States, the platform, which currently has more than 500 million users worldwide, collected data that should not have asked minors. TikTok, also known as Douyin in China, is a media app for creating and sharing short videos. Owned by ByteDance, Tik Tok is a leading video platform in Asia, United States, and other parts of the world. In 2018, the application gained popularity and became the most downloaded app in the U.S. in October 2018. (Photo by Chesnot/Getty Images)

Владата на Албанија донесе одлука за блокирање на платформата ТикТок, соопшти денеска албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу.

На завршната средба со родителите и учениците, министерката рече дека повеќе од 80 отсто од родителите бараат ограничување на социјалните мрежи, објави денеска City News of Albania (CNA).

„Во време кога технолошките предизвици се неизбежни, физичката и дигиталната безбедност се приоритет. За да ја зголемиме оваа безбедност, решивме да ја блокираме платформата ТикТок“ рече Манастирлиу.

„Исто така, преку проектот ‘Паметен град’ ќе инсталираме паметни камери, што ќе обезбеди поефективен надзор во училиштата и нивната околина“, рече Манастирлиу.

ТикТок е видео платформа за кратки форми во сопственост на кинеската интернет компанија ByteDance.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни