Секоја година, омилени дестинации за патување на голем број туристи се Шпанија, Португалија и Грција, привлечени од прекрасни плажи, неверојатна храна и многу сончеви денови. Сепак, со новите предвидувањата дека температурите ќе се зголемат во овие популарни дестинации, туристите се советуваат да преземат дополнителни мерки на претпазливост.
AccuWeather издаде жолти и портокалови „предупредувања за екстремни временски услови“ за сите три земји во наредните денови.
Во Шпанија, областите како Вале дел Тахо, Барос и Серена, Сур де Бадахоз, Вега дел Сегура, Менорка и други добија жолто предупредување. Државната метеоролошка агенција издаде „Жолто предупредување за екстремно високи температури“ кое ќе биде во сила од среда до четврток.
На областите Morena y Condado, Valle del Guadalquivir de Jaen, Campina Cordobesa и Campina Sevillana им е издадено портокалово предупредување за истиот период. Хесус Риеско, директор на Метеоролошкиот центар на Аемет во Малага, изјави дека има повеќе од 70 проценти веројатност ова лето да биде меѓу најжешките досега. Температурите во Мадрид и Сарагоса би можеле да достигнат до 36 степени Целзиусови, додека во Севиља до 41 степен Целзиусови.
Во Португалија, Институтот за море и атмосфера издаде жолто предупредување за екстремно високи температури, кое ќе биде во сила до четврток. Туристите кои летуваат во Грција, исто така, се предупредени за високите температури.
На островите како Кос и Родос, е издадено портокалово предупредување за екстремно високи температури, кое ќе важи до четврток. Во Атина температурите може да се покачат до 36 степени Целзиусови, во Кожани до 35 степени Целзиусови и во Солун до 35 степени Целзиусови.
Туристите се советуваат да преземаат мерки на претпазливост и да се информираат за актуелните временски услови за време на нивниот престој.
Извор: https://www.msn.com/en-gb/travel/news/holiday-warning-as-three-countries-put-on-emergency-travel-alert/ar-BB1pmmGb