Алармантно: Над 30% од населението во Македонија се соочува со дебелина

Дебелината станува сериозен здравствен предизвик во Македонија – дури 35% од населението е засегнато, предупредуваат здравствените власти.

Дебелината сè повеќе се наметнува како еден од најсериозните здравствени проблеми во Македонија, со дури 30 до 35 проценти од населението погодено од оваа хронична состојба. Надлежните предупредуваат дека станува збор за болест поврзана со повеќе од 200 коморбидитети, меѓу кои кардиоваскуларни заболувања и дијабетес тип 2, а загрижувачки е и трендот на пораст кај децата и младите.

Министерот за здравство Азир Алиу посочи дека системот се обидува да одговори преку отворање центри за третман, вклучително и новиот центар во Охрид, како и преку зајакнување на едукацијата и превенцијата.

Експертите нагласуваат дека за справување со овој растечки проблем е неопходен координиран пристап – од институциите, здравствениот систем и граѓанскиот сектор, до подигнување на свеста кај населението за здрави животни навики.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни