Алaрмантни статистики: Инфарктот коси се повеќе млади луѓе

Сѐ повеќе млади лица добиваат инфаркт, предупредуваат лекарите. Причината за оваа алармантна состојба покрај генетиката е и прекумерната консумација на алкохол и цигари, недостатокот на физичка активност, но и недостатокот на сон.
Дека ситуацијата не е наивна, потврдува и последниот случај во Србија на ВМА каде што беше згрижена жена на возраст од 32 години поради срцев удар.

Кардиохирургот проф. д-р Милјко Ристиќ истакнува за Informer дека секоја година се зголемува бројот на млади пациенти кои се згрижуваат поради кардиолошки болести.

-Случајот со жената од 32 години не е единствен, на жалост. Сѐ повеќе млади под 40 години доаѓаат поради симптоми на инфаркт, од кои некои завршуваат и фатално! Постојат три главни фактори за вакви состојби. Првиот е пушењето цигари, кое ги стеснува крвните садови, што предизвикува инфаркт. Денес скоро нема млад човек кој не консумира цигари. Вториот е физичката неактивност, стресот, недостатокот на сон, брзата и масната храна, а третиот е генетиката. Ако некој во семејството има членови кои боледуваат од кардиоваскуларни болести, постои веројатност и тој да има таква дијагноза – вели проф. д-р Милјко Ристиќ.

Секако, напоменува тој, промената на нездравиот начин на живот е клучна, бидејќи токму таквата секојдневица е многу опасна за здравјето.

Во Македонија, според податоците на Институтот за јавно здравје, дневно умираат по четворица луѓе како последица на инфаркт

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни