Во 18 часот во Кавадарци се измерени алармантни 504 мигрограми на метар кубем ПМ10 честички, во Струмица се измерени 220, во Куманово 192, во Охрид 205, додека во Гостивар се измерени 113 мигрограми на метар кубен ПМ10 честички, според мерните станици на Министерството за животна средина.
Ситуацијата е алармантна и во Скопје, каде што најмногу загаденост покажува станицата во Лисиче, 218 ПМ10 честички, додека станицата кај Ректоратот покажува 191.
Претходно во текот на денот, директорот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи изјави дека граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички во споредба со луѓето кои живеат во Западна Европа.
Според него загадениот зводух убива по околу 2800 жители годишно во земјава. Според Паолучи постигнат е напредок од 1990тите, но загаденоста на воздухот е се уште висока, особено во зимските месеци.