АЛАРМ ОД ИЈЗ: Останете дома – воздухот е опасно загаден!

Институтот за јавно здравје издаде важни препораки за заштита на здравјето поради зголемено загадување на воздухот. Прочитајте ги мерките што МОРА да ги почитувате!

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува:

– Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот;

– Да исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух, за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите;

– Редовно да ги следи официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот

– Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат каква било активност на отворено.

– При неопходна нужност за движење на отворено , во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски

– Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група;

– Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото. Секој што ги забележува овие симптоми да побара медицинска помош веднаш;

– Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од т.н погодени подрачја сѐ додека не се добие официјална дозвола за пристап;

– Да се почитуваат сите инструкции од јавноздравствените институции и службите за итна помош.

Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни