Активистот Денис Јанкуловски упатува повик за Прошетка во знак на поддршка за инклузијата

На 5 октомври активистот и хуманист Денис Јанкуловски – Космонаутко, повикува на Прошетка за поддршка на инклузијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Збирното место е во 11 часот кај споменикот на Гоце Делчев кај фонтаната во Градски парк, Скопје, а прошетката ќе продолжи низ градскиот парк до хотел Александар Палас.

„Зошто? 1. за да дадеме поддршка на нашите атипични другарчиња и нивните семејства, уште еднаш да покажеме дека ние сме тука за нив. 2. за да се видиме и помуабетиме во една опуштена и релаксирана атмосфера, да прашаме, да се запознаеме, да дознаеме како ние може да придонесеме. 3. за да се релаксираме од глупостите и мачнотии со кои сме бомбардирани Кој е поканет – сите, тоа значи атипични, типични, мали и големи, вораст од 1 месец па се’ до сите месеци, со куче или точак, тивки или гласни, вакви, такви, онакви, инакви. Секакви, различни но и многу слични. А сите насмеани  значи буквално секој кој сака да се дружи, да си помине убави дружбени саати и да покаже дека прифаќа и почитува. Што треба да донесете – насмевки, прегратки, расположение и многу многу љубов. Битно – Пешачиме онаму каде можат сите да се движат’, вели популарниот Космонаутко.

Идејата, вели Денис, е вакви дружби да правиме секогаш кога ќе ни дозволат временските услови, да стане еден вид традиција. Неформални, опуштени, разговорни, другарски.

„Оваа дружба на 05.10 ја правиме во сабота заради други фактори, но начелно „Пешачиме за поддршка“ ќе биде во недела, независно дали е секоја недела, еднаш или двапати месечно. Ве чекаме на прошетка муабет. Гуш и бац од Космонаутко“, наведува Денис во објавата од настанот.

Најново

Последни колумни