Активистката против контараверзниот закон за забрана за абортус е нова министерка за семејство во владата на Туск

За тоа какви ќе бидат нејзините политики, најдобро зборува фотографијата

Агнешка Џиемианович Бак (Agnieszka Dziemianowicz-Bak)  е назначена за министерка за семејство, труд и социјална политика во новата полска влада составена од коалиција на проевропски партии предводени од премиерот Доналд Туск кои и официјално ја превземаа функцијата на 12 декември и го означија крајот на осум годишното владеење  на националистичката конзервативна партија “Право и Правда”.

Бак која е родена на 20 јануари 1984 година и доаѓа од партијата Нова левицa, во 2006 година се најде на листата на 100 највијателни личности токму заради нејзината улога во организирање на антивладините протести против тоталната забрана на абортусот во Полска. Освен против забраната за абортус, Бак беше активна и во протестите за почитување на правата на ЛГБТ заедницата и ја доби престижната награда за политика – “Equality Crowns” за кампањата против хомофобијата.

На почетокот на октомври, две недели пред изборите, околу еден милион Полјаци предводени од тогашната опозиција демонстрираа во Варшава против десно популистичката влада која остави зад себе спорни реформи во правосудството, провладини и контролирани медиуми, контраверзен закон за тотална забрана за абортус, скратување на правата на ЛГБТ заедницата, говор на омраза против миграните од муслиманските земји и нови инстант олигарси. Поради сето ова ЕУ отпочна неколку постапки против Полска и ја скрати помошта од европските фондови за обнова по короната.

По изборите на 15 октомври, Доналд Туск конечно го доби мандатот да ја состави новата влада. На 12 ти декември неговите министри положија заклетва во претседателската палата во Варшава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни