Судот во Москва денеска осуди на пет години затвор еден од лидерите на независна група за набљудување на изборите, по обвинение за „организирање на работата на непожелна организација“.
Григориј Мелконјанц, копретседател на водечката руска организација за наљудување на изборите „Голос“ (Глас), ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани.
Случајот против него е дел од пресметките со критичарите на Кремљ и активистите за човекови права, што руската Влада ги засили по инвазијата на Украина во 2022 година. „Голос“ набљудуваше и откри кршење на законот на сите големи избори во Русија, од нејзиното основање во 2000 година. Со текот на годините, организацијата се соочуваше со зголемен притисок од властите.